За разлика од неживотното осигурување, кај животното осигурување предмет на осигурување е човечкиот живот. Станува збор за специфичен вид на осигурување кај кој остварените ризици кај осигурените лица никогаш не можат реално да се надокнадат, но затоа последиците од остварениот ризик можат да се ублажат со материјална надокнада, односно со исплата на однапред определена осигурена сума.
Животното осигурување ги обединува функциите осигурување и штедење. Штедењето по пат на животно осигурување е наменско, континуирано и долгорочно. Сите средства кои се вложуваат се повратни, дополнително зголемени за добивката која ја припишува Кроациа Осигурување - живот.
Сигурност на вложените средства
- Средствата кои се вложуваат се заштитетини со девизна клаузула;
- Осигурувањата над максималната самоподршка, Кроациа ги обезбедува со
реосигурување во CROATIA LLOYD - Загреб;
- Најголем процент од вложената премија се одвојува на посебна сметка за
математичка резервација во согласност со законските прописи;
- Средствата се инвестираат исклучиво во неризични пласмани согласно Законот за
супервизија во осигурување (државни обврзници, државни записи).
Со животната полиса, можеме да бидеме среќни знаејќи дека нашите сакани ќе можат да ги живеат своите соништа, без разлика што носи иднината.