Што е автомобилска одговорност?

Автомобилска одговорност или осигурување од одговорност од употреба на моторни возила подразбира осигурување на одговорноста (вината) на носителот на осигурувањето при сообраќајни незгоди за штети причинети на трети лица. Ова осигурување е задолжително со закон и се прави еднаш годишно при регистрација на возилото. Полисата за осигурување од автоодговорност важи на територијата на Р. Македонија.

Со овој вид осигурување не е осигурано ниту возилото ниту сопственикот на возилото, кој е всушност осигуреник или носител на осигурувањето. Сопственикот на возилото кој е одговорен за штетата што ја причинил на трето лице со неговото возило нема право да бара надомест на штетата (во случај возилото да му е оштетено).

На пример: се случила сообраќајна незгода во која учествувале возилото А и возилото Б, при што и двете возила се оштетени. Под претпоставка дека возачот на возилото А е одговорен за сообраќајната незгода, тогаш осигурителната компанија ќе му ја надомести целокупната штета на сопственикот на возилото Б на начин што ќе ја плати поправката на возилото (ако возилото може да се поправи) или ќе изврши исплата на тотална штета (доколку возилото не може да се поправи, со одбивање на амортизацијата и вредноста на остатоците на возилото). Меѓутоа, сопственикот на возилото А, бидејќи е одговорен за штетата, нема право за надомест за својата штета врз основа на полисата за автомобилска одговорност. Во конкретниот случај бидејќи е крив за сообраќајната незгода сам е во обврска да го поправи возилото односно да ја поднесе штетата на возилото.

Кои ризици (опасности) се опфатени?

Доколку се случи сообраќајна незгода предизвикана од Ваша страна, настанатата штета на третото лице ја подмирува осигурителната компанија, и тоа за:
- смрт, телесна повреда, нарушување на здравјето или
- уништување или оштетување на предмети, освен од одговорност за штети за предмети што ги примил на превоз.

Дополнителни осигурувања

1. Осигурување од незгода на возачот и патниците во моторното возило, со избор на осигурени суми:

Патнички возилаБрој на регистрирани места
234589
75.000 денари за смрт
150.000 денари за инвалидитет
97119142164232254
150.000 денари за смрт
300.000 денари за инвалидитет
194239284329464509
500.000 денари за смрт
1.000.000 денари за инвалидитет
6457959451,0951,5451,695

Такси и Rent-a-carБрој на регистрирани места
до 5до 10
4.500 € за смрт
9.000 € за инвалидитет
2.200 € за преодна неспособност за работа
и нужни трошоци за лекување
7071,015

Товарни возила, работни возила и влечни возилаБрој на регистрирани места
234
75.000 денари за смрт
150.000 денари за инвалидитет
248371495
150.000 денари за смрт
300.000 денари за инвалидитет
495743990
500.000 денари за смрт
1.000.000 денари за инвалидитет
1,6502,4753,300

АвтобусиБрој на регистрирани места
до 25над 25
4.500 € за смрт
9.000 € за инвалидитет
2.200 € за преодна неспособност за работа
и нужни трошоци за лекување
2,4526,130

Специјални возилаБрој на регистрирани места
2345
75.000 денари за смрт
150.000 денари за инвалидитет
146169191214
150.000 денари за смрт
300.000 денари за инвалидитет
293338383428
500.000 денари за смрт
1.000.000 денари за инвалидитет
9751,1251,2751,425

2. Делумно каско осигурување т.е. осигурување на стаклата на возилото.

- Патнички возила

Силина на моторот во KWПремија
до 221,700
22-331,900
33-442,300
44-552,700
55-663,900
66-844,900
84-1105,900
над 1106,900

- Автобуси

Вид на автобусДолжина на автобусПремија
еднокатен автобусдо 10 метри18,000
еднокатен автобусдо 13,6 метри50,000
двокатен автобусдо 10 метри50,000
автобуси за градски превоз 50,000
зглобни автобусидо 18 метри50,000

Бонус

Доколку не се пријавени штети следуваат и одредени бонуси:
- после 1 година - 5%
- после 2 години - 10%
- после 3 години - 20%
- после 4 години - 25%
- после 5 години - 30%
- после 6 години - 35%
- после 7 години - 40%
- после 8 години - 45%
- после 9 години - 50%

Малус

На договорувачот на осигурувањето кој во изминатата година од осигурувањето пријавил две или повеќе штети за возилата со кои е причинета штета, му се пресметува малус.

Доплаток

- 30% за такси возила (патнички возила, товарни возила)
- 100% за “rent-a-car” возила (патнички возила, товарни возила, моторцикли)
- 10% за патнички и комби возила кои имаат над 5 седишта (не земајќи го предвид седиштето на возачот)
- 10% за патнички и комби возила наменети за превоз на товар
- 35% за товарни возила, товарни приколки и полуприколки, приколки и полуприколки-цистерни кои повремено или постојано служат за превоз на експлозивни материјали, течности и гасови, сместени во посебни садови (контејнери) на товарниот сандак и авто-цистерни кои се експлозивни или лесно запаливи или кои ја загадуваат околината
- 20% за приколки за превоз на хаварисани и неисправни патнички автомобили
- 100% за учество на возила во една трка (натпреварување)
- 500% за учество на возила во трки (натпреварувања), без разлика на бројот на трките во текот на траењето на осигурувањето
- Во зависност од возраста:
   - 15% до 22 години
   - 10% од 22 до 26 години
   - 15 % над 70 години

Попуст

- 10 % за војни, цивилни, трудови инвалиди кои при купувањето на патничко возило или моторцикл имале поволности во смисла на намален данок. Овој попуст се однесува само на едно возило со презентација на соодветна писмена документација.
- 30% за осигурување на приколки на работилишта кои служат за живеење, за канцеларии, за сместување на алат и друго.
- 40% за осигурување на приколки на црвен крст и слични организации кои се наменети за сместување во случај на елементарни непогоди (земјотрес, поплава).
- 20% за осигурување на приколки на две тркала кои служат како наслон за превоз на долги предмети, приколки за превоз на чамци и моторцикли за трки.