Иднината е сѐ повеќе непредвидлива, окружувањето во кое егзистираме е променливо, потребите на човекот се сѐ поголеми и поразновидни, темпото на промените нѐ прави да се чувствуваме сѐ помалку сигурни. Во блиска иднина чувството на сигурност ќе стане сѐ повеќе неопходно, особено кога погледот ќе го насочиме кон нашите најмили, децата. Размислувањето и преземањето акција денес за да ја осигураме нивната иднина утре е најдоброто нешто кое можеме да им го поклониме на нашите деца.

Заштитете ги, овозможете им да растат и да имаат безгрижно детство, да се чувствуваат сигурно кога со своите другарчиња ги споделуваат своите желби, кога на учителката и раскажуваат што сакаат да бидат во иднина... помогнете им да ги исполнат своите соништа. Направете го вистинскиот чекор и поклонете им осигурителна полиса. Нашата компанија Ви нуди вистински производ - осигурителна полиса КОКО, која ќе Ви помогне да ги заштитите своите деца и да им поклоните посигурна иднина.

Кои се основни карактеристики?

1. Минимална годишна премија (влог):
     - 180 евра
2. Се опфаќаат деца од навршени:
     - од 1 месец до 13 години
     *детското штедно осигурување треба да заврши на 25 годишна возраст.
3. Траење на осигурувањето:
     - од 10 до 25 години

Кои осигурени суми се опфаќаат?

Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за доживување
- Двојна осигурена сума во случај на смрт на двајцата родители на осигуреникот во еден несреќен случај
- Осигурена сума во случај на смрт на договорувачот на осигурувањето.

Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурена сума за трошоци согласно член 3 став 2 од Дополнителните услови 0531

Начин на плаќање

1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
     - месечно, полугодишно, квартално, годишно
2. Можност за избор на начинот на уплата:
     - уплатница, траен налог, задршка од плата, во дирекцијата на Кроациа осигурување - живот

Бенефиции

1. Исплата на подарок во висина од 3% од осигурената сума за постигнат одличен успех во сите години од средното образование.
2. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
3. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
4. Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД

5. Наградна игра "КОКО Ве води во ДИЗНИЛЕНД"

КОКО има дополнително изненадување, а тоа е наградната игра „КОКО Ве води во ДИЗНИЛЕНД“. Право на учество во наградната игра ќе имаат сите деца кои во текот на 2015 година ќе станат наши Осигуреници. Најсреќното од нив, заедно со целото свое семејство, КОКО ќе го одведе на незаборавна авантура во магичниот Дизниленд. Најсреќното дете КОКО ќе го избере по случаен избор во декември оваа година.