Човечките ресурси се најважниот ресурс во Вашата компанија. Наградите се неопходен дел за нивна мотивација. Наградите се комбинираат во материјална и нематеријална форма. Во современиот свет луѓето сѐ повеќе ја вреднуваат сигурноста и сѐ повеќе имаат потреба од неа. Адекватно на тоа, потребата за сигурност постои и кај Вашите вработени. Ако е тоа веќе така, тогаш најдоброто нешто што Вие можете да го направите за Вашите вработени е да им подарите поголема сигурност во нивниот живот. Тоа можете да го направите едноставно со купување на “Колективно осигурување“.
Кои се основни карактеристики?
1. Договорувач е компанијата, а осигуреници се вработените
2. Договорувачот одлучува кој ќе биде корисник на повратните средства
3. Висината на осигурените суми е еднаква за сите осигуреници без оглед на нивната пристапна старост или здравствена состојба
4. За колективно осигурување потребни се најмалку 10 вработени
5. Се опфаќаат условно здрави лица од навршени:
- од 14 до 65 години
*осигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст.
6. Траење на осигурувањето:
- од 10 до 25 години
Кои осигурени суми се опфаќаат?
Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за доживување
- Осигурена сума во случај на смрт од болест
Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на смрт поради незгода
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
Бенефиции
1. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
2. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
Начин на плаќање
1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
- месечно, полугодишно, квартално, годишно