Вашата гордост е Вашиот дом. Без сомнение сите ние сме загрижени за сигурноста на нашиот имот, имот во кој сме вложиле многу труд, време и материјални средства со цел да го оствариме нашиот сон за дом кој ќе ни овозможи да ги реализираме нашите секојдневни животни потреби.

Полисата за домаќинско осигурување Ви овозможува да бидете сигурни дека вашиот имот е правилно заштитен од неочекувани штети, дури и кога сте стотици или илјадници километри далеку од него. Вложувањето во ваков вид на осигурување е минимално во однос на цената на Вашиот сон кој сакате да го заштите.

Што е предмет на осигурување?

1. Градежни објекти (станови, куќи, викендици) со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење.

2. Стварите на домаќинството кои се наоѓаат во осигурениот градежен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство. Во ствари на домаќинството се сметаат:
    а) стварите кои служат за уредување на станот;
    б) стварите за лична употреба.

3. Со осигурувањето опфатени се и:
    а) готови пари;
    б) уметнички предмети;
    в) хартии од вредност;
    г) скапоцености и збирки.
        Готовите пари се осигурени само од опасност од провална кражба и разбојништво за време додека се наоѓаат во заклучени сместувалишта (на пример: во дел од покуќнина, вѕидани сефови, каси и сл.)

4. Одговорност за штети причинети спрема трети лица.

5. Одговорност за штети причинети од трети лица.

6. Трошоци за нужно сместување на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

Кои ризици (опасности) се опфатени?

- пожар;
- удар на гром;
- експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација;
- луња;
- град;
- одговорност;
- манифестација и демонстрација;
- паѓање на воздушни летала;
- излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и уреди и цевки за толловодни инсталации;
- провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови. Ненаселени станови се станови кои се ненаселени без прекин најмалку од една година.

Ако посебно се договори, може да се опфатат дополнителни опасности (ризици) и тоа:
- поплава, порој и високи води;
- лизгање и одронување на земјиште;
- снежна лавина.