Што е кражба?

Како кражба се смета ако нејзиниот извршител:
1. провали во простории, во кои се наоѓаат осигурените предмети (место на
    осигурувањето) со разбивање или кршење врати и прозорци или со провалување
    низ тавани, ѕидови и подови;
2. го отвори местото на осигурувањето со лажен клуч или некое друго средство што не
    е наменето за редовно отворање, а притоа е оставена трага, врз чија основа може со
    сигурност да се утврди провала во смисла на кривично-правен доказ;
3. провали во заклучено сместувалиште во местото на осигурувањето, во кое се
    наоѓаат осигурените предмети ако до сместувалиштето дошол на еден од начините
    кои се оквалификувани како провална кражба;
4. го отвори местото на осигурување или сместувалиштето со вистински клучеви или
    со нивни дупликати, доколку до клучевите дошол со едно од дејствијата наведени
    во точките 1, 2, 3 и 5, или со разбојништво или измама на малолетен член од
    домаќинството;
5. влезе во местото на осигурувањето преку отвор кој не е определен за тоа,
    совладувајќи пречки што оневозможуваат влегување. Влегување преку отворен
    прозорец во ниско приземје (до височина од 3,50m до долниот раб на прозорецот)
    не се смета за провална кражба.

Што е разбојништво?

Како разбојништво се смета:
1. одземање на осигурени предмети со примена на сила (загрозување со опасност по
    животот и здравјето) против осигуреникот или неговите припадници или
    застрашување дека непосредно ќе се нападне на животот или телото на овие лица;
2. употреба на сила и тогаш кога се употребени средства за оневозможување на отпор.

Што е предмет на осигурување?

Предмет на осигурување се подвижни предмети, предмети на осигуреникот и на лица кои со него живеат во заедничко домаќинство.

Осигурени се оние предмети кои се наведени во полисата. Ако предметите се наведени како збир, тогаш се осигурени како оние што постоеле во моментот при склучување на договорот, така и оние што дополнително се внесени во тој збир.

Кои ризици (опасности) се опфатени?

- Со ова осигурување се дава осигурителна заштита од ризикот извршување или обид за провална кражба и разбојништво како и вандализам во текот на извршување на провална кражба;
- Со осигурувањето се покриени штети со однесување, уништување или оштетување на осигурените предмети, како и штети предизвикани со оштетување на градежни делови на простории, инсталации и опрема (оштетување ѕидови, тавани, врати, стакла, брави итн.), во кои се наоѓаат осигурените предмети при извршување или обид на провална кражба, односно разбојништво;
- Ако посебно се договори и плати дополнителна премија кај осигурувањето на музеи и изложби со осигурувањето се покриени штетите од обична кражба и оштетување од посетителите;
- Пари и други средства за плаќање и скапоцености за време на манипулирање со нив на благајни, шалтери и уплатни и продажни места, осигурани се од ризикот разбојништво на „прв ризик" под услов да е склучено осигурување за секое уплатно и исплатно место, односно продажно место посебно.

Кои ризици (опасности) не се опфатени?

Со осигурувањето не се покриени штети од провална кражба, односно разбојништво:
- извршени од членовите на семејството кои живеат во заедничко домаќинство на осигуреникот;
- извршени со учество на некои од членовите на семејството со кои живеат во заедничко домаќинство на осигуреникот како наговорувач или помагач.
- од превара и проневера;
- од обична кражба освен;
- поради посредни губитоци предизвикани од настанување на осигурениот случај (губиток на заработка денгуба и слично);
- од кусокот утврден со пописот (инветарисување), па ни тогашкога кусокот ќе се востанови пред инвентарисувањето (во пописот) кое е извршено по осигурениот случај.