Што е предмет на осигурување?

1. сите видови стакла, светлечки натписи и реклами:
    - слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла;
    - мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл.;
    - порцелански мијалници, клозетски шолји, огледала на улици (за регулирање на сообраќајот);
    - културни, историски и надгробни споменици од камен, бетон и метали;
2. покрај светлечките реклами, осигурени се и нестаклените делови и рамови што се нивен составен дел;
3. неонски цевки и други светлечки цевки со придружни уреди и без нив.

Што не е предмет на осигурување?

1. предмети од шупливо стакло, стакло на светилки и рефлектори, тела за осветлување од секаков вид, ламби (цевки): рендгенски, кварцни, радио-телевизиски и други стакла што се користат како орудие за работа во процесот на производството, леќи и стаклени топки: резерви од стакла, стаклени стоки од секаков вид;
2. напукнати и оштетени предмети;
3. стакла во оштетени рамки.

Кои ризици (опасности) се опфатени?

Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од уништување или оштетување на осигурените предмети поради остварувањето на кој било од опасностите (ризиците) на кои се изложени осигурените предмети.

Кои ризици (опасности) не се опфатени?

Не се опфатени штети предизвикани:
- при преместување или местење на осигурените предмети во простории што не се
  означени во исправата за осигурувањето;
- од гребнатини, разјадување и слични оштетувања на површината од осигурените
  предмети;
- од лизгање и слегнување на почвата (земјиштето);
- кај надгробните споменици при отворање и затворање на гробниците.