Човечките ресурси се најважниот ресурс во Вашата компанија. Наградите се неопходен дел за нивна мотивација. Наградите се комбинираат во материјална и нематеријална форма. Во современиот свет луѓето сѐ повеќе ја вреднуваат сигурноста и сѐ повеќе имаат потреба од неа. Адекватно на тоа, потребата за сигурност постои и кај Вашите вработени. Ако е тоа веќе така, тогаш најдоброто нешто што Вие можете да го направите за Вашите вработени е да им подарите поголема сигурност во нивниот живот. Идеалното решение би било кога Вашата компанија би имала можност да го награди секој вработен со полиса која ќе значи поголема сигурност во неговиот живот. Но доколку Вашата компанија нема можности да го направи тоа за сите вработени, тогаш направете диференцијација и изберете ги најлојалните и најквалитетните вработени и овозможете им на нив да ги уживаат благодетите на сигурноста, а со тоа истите тие вработени ќе Ви бидат благодарни и со поголема посветеност, концентрација и ефикасност ќе продолжат да работат во правец на реализација на поставените организациски цели. Оваа можност ја нудиме преку производот “Пакет лојалност“.

Кои се основни карактеристики?

1. Договорувач е компанијата, а осигуреници се вработените
2. Договорувачот одлучува кој ќе биде корисник на повратните средства
3. Минимална годишна премија:
   - 180 евра
4. Се опфаќаат условно здрави лица од навршени:
   - од 14 до 65 години
     *осигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст.
5. Траење на осигурувањето:
   - од 10 до 25 години

Кои осигурени суми се опфаќаат?

Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за доживување
- Осигурена сума во случај на смрт од болест
- Осигурена сума во случај на смрт поради незгода

Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурана сума за тешко болни состојби (ТБС)

Бенефиции

1. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
2. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
3. Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД

Начин на плаќање

1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
   - месечно, полугодишно, квартално, годишно