ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ
ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртата осигурителнa компаниja основана на територијата на Р.Македонија со лиценца за вршење на работи на осигурување на имот добиена од Министерството за финансии во 1995 година, регистрирано на 22.07.1995 година во Скопје.
Во март 2008 година компанијата ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (EIG) Софија од Р.Бугарија (членка на Холдинг компанијата ЕВРОХОЛД БУГАРИЈА АД), преку купување на мнозинскиот пакет на акции, стана мнозински акционер во МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со над 90% во основниот капитал на друштвото. По ова следуваше и ребрендирање на компанијата, внесувајќи го високо реномираниот бренд – ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје односно EUROINS INSURANCE S.C. Skopje, оставајќи го МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ во историјата, и преоѓајќи на повисоко ниво во осигурителниот бизнис во регионот.
КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ АД СКОПЈЕ
Croatia Osiguruvanje d.d. – Zagreb е основана во 1884 година како осигурителна задруга, во 1990 година прераснува во акционерско друштво. Croatia Osiguruvanje d.d. – Zagreb го поседува мнозинскиот пакет акции со 95% од вкупниот број на акции.
Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје започна со работа во деловната 2005 година. Прва компанија во Република Македонија со добиена дозвола од Министерство за финансии за продажба на полиси за животно осигурување. Осигурително покритие Друштвото има обезбедено во CROATIA LLOYD – Zagreb.