Наменето е да претставува заштита на членовите на Вашето семејство кои зависат од Вашите месечни примања. Во моментот кога Вие нема да бидете во можност да го издржувате семејството, осигурувањето на живот ги обезбедува Вашите деца, сопруг/а, повозрасни родители или сите други кои сакате да ги заштитите од ризикот кој го носи животот.

Кои се основни карактеристики?

1. Минимална годишна премија:
   - 180 евра
2. Се опфаќаат условно здрави лица од навршени:
   - од 14 до 65 години
     *осигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст.
3. Траење на осигурувањето:
   - од 10 до 25 години

Кои осигурени суми се опфаќаат?

Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за доживување
- Осигурена сума во случај на смрт од болест
- Осигурена сума во случај на смрт поради незгода

Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурана сума за тешко болни состојби (ТБС)

Бенефиции

1. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
2. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
3. Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД

Начин на плаќање

1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
   - месечно, полугодишно, квартално, годишно
2. Можност за избор на начинот на уплата:
   - уплатница, траен налог, задршка од плата, во дирекцијата на Кроациа осигурување - живот