Што е земјотрес?

Земјотрес означува тресење на тлото предизвикано од природни процеси во земјината кора.

Кои ризици (опасности) не се опфатени?

Од покритие се исклучени следните штети:
1. Од потреси предизвикани од човечка активност како што се експлозија на класични или нуклеарни направи;
2. На фрески, мозаици и други украсни додатоци на градби;
3. Кои се предизвикани непосредно или посредно со било кој од следните настани: војна, револуција, востание, мини, торпеда, бомби или друго воено оружје, саботажа или тероризам побудени од политички причини, граѓански немири, конфискација, реквизиција или други слични мерки кои ги спроведува некоја власт или друга слична организација;
4. Кои се предизвикани со делување на нуклеарна енергија и радиоактивна контаминација;
5. Кои се предизвикани со загадување на предмети со некои опасни материи кои се испуштени, односно кои истекувале, и трошоците за чистење на таквите загадувања;
6. Од потреси настанати во рудници;
7. Од одговорност кон трети лица;
8. Каде полисите за осигурување не се склучени во склад со тарифата за осигурување од земјотреси.