Што е предмет на осигурување?

Предмет на осигурување е одговорноста на осигуреникот како превозник спрема корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, преземени на превоз со товарен лист или договор.

Што не е предмет на осигурување?

Не е осигурена одговорноста на превозникот за штети настанати на пратката примена на превоз поради:
1. виша сила (земјотрес, поплава, гром, луња, снежна лавина, одронување, лизгање на земјиште и слично);
2. припремна, мобилна и воена состојба, побуни, востанија политички немири, вооружена кражба и сл.;
3. штрајк (прекин на работа) или запленување;
4. акти на надлежни органи;
5. вина на испраќачот или приемачот;
6. недостатоци во пакување или поради недоволно пакување на стоката и нечисти транспортни садови;
7. опасности поврзани со превоз на стоката во отворени возила;
8. потполна или делумна загуба или оштетување на стоката поради нејзините природни својства или мани, како рѓа, корозија, саморасипување, стврднување, стврднување поради заситеност на воздухот со влага и сл. освен ако се превезуваат со наменски возила;
9. разбојнички или други напади;
10. преземени санитарни или дезинфекциони мерки и сл.;
11. угинување на живи животни, живини и дивеч при превоз;
12. ако стоката се прима на превоз само под одредени услови – предадена на превоз со неисправни, неточни или непотполни ознаки или ако испраќачот ги нема преземено пропишаните мерки и внимание;
13. "расипување на стоката" (промена на бојата, мирисот, вкусот и слично)
14. губење на комерцијална вредност на стоката, освен поради пречекорување на рокот на превозот во случаи на дефект на возилото;
15. молци и други штетници;
16. разлика во мерење, освен ако постои документ за официјално мерење на исти начини при натовар и растовар на стокaта.