Во насока на подобрување на понудата на услуги кон клиентите, Кроациа Осигурување -Живот АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје започнаa соработка преку линкуван производ Cro Link.
Cro Link претставува поврзување на кредит и полиса за осигурување на живот со еднократна уплата на премија. Стопанска Банка АД Скопје врши кредитирање на лица кои сакаат да склучат полиса за осигурување на живот со еднократно вложување. Вашата сигурност никогаш не била подостапна, а Вашата заштеда никогаш не била по загарантирана. Кроациа Осигурување - Живот во соработка со Стопанкса банка АД Скопје креираше производ адаптиран на Вашите потреби и можности.
Кои се основни карактеристики?
1. Kредитот се одобрува исклучиво за склучување на полиса за животно осигурување со еднократна
уплата на премија
2. Минимална премија за осигурување за вкупното траење на осигурувањето
- 2.500 евра
3. Траење на осигурувањето
- од 10 до 25 години
4. Рок на отплата на кредитот
- од 5 до 10 години
5. Пристапна старост на осигуреникот/кредитобарателот
- од 20 до 60 години
*осигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст, а кредитот да се отплати до
65 годишна возраст
6. ОСИГУРЕНАТА СУМА е поголема за 20% - 60% од ИЗНОСОТ НА КРЕДИТОТ
Кои осигурени суми се опфаќаат?
Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за доживување
- Осигурена сума во случај на смрт од болест
- Осигурена сума во случај на смрт поради незгода
Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурана сума за тешко болни состојби (ТБС)
Бенефиции
1. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
2. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
3. Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД
Начин на плаќање
Еднократно, кредитирано од СТБ.