Денес голем број на луѓе преживуваат критични болести (Тешко болни состојби – ТБС) кои не многу одамна биле смртоносни. Финансиските последици од преживување на ТБС можат да бидат уништувачки по животниот стандард на домаќинствата. Осигурителниот надомест на осигуреникот ќе му обезбеди неопходни парични средства за плаќање на трошоци.
Што е тешко болна состојба?
Тешко болна состојба во смисла на осигурен случај е состојба во која се наоѓа осигуреникот поради 12те болести кои ги покрива ова осигурување, а која условува:
- оперативно лечење на осигуреникот и/или
- негово лечење со физикална терапија или хемодијализа
- односно давање на постојана туѓа помош
Осигурениот случај се смета за настанат доколку осигуреникот преживеал најмалку 30 (триесет) дена од денот на настанување на тешко болна состојба.
Кои болести се опфатени со "КРОАЦИА ПРЕМИУМ"?
- Исхемична болест на срце
- Срцев удар
- Мозочен удар
- Мултиплекс склероза
- Паркинсова болест
- Алцхајмеровата болест
- СИДА
- Хронично затајување на функцијата на бубрезите
- Затајување на црн дроб
- Анкилозантен спонделит
- Ревматоиден артритис
- Малигни болести (рак)
Кои се основни карактеристики?
1. Се опфаќаат лица со пристапна старост
- од 14 до 55 години
2. Траење на осигурувањето
- од 1 до 30 години
*осигурувањето трба да заврши до 65 годишна возраст
3. Осигурена сума треба да е еднаква или помала од осигигурената сума за живот, но не поголема од 60.000 евра