Дополнителното осигурување од последици на несреќен случај (незгода) претставува секундарен, незадолжителен но сепак нераскинлив дел од примарното, Осигурување на Живот. Со минимален влог, кој е вклучен во самата рата, обезбедувате дополнителни 3 осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет,
- Осигурена сума во случај на 100% инвалидитет,
- Дневен надомест поради лежење во болница.
Речиси и да нема полиса за осигурување на живот во која не е вметнато т.н. “Човечко Каско“.