Единственото нешто што родителот никогаш нема да го заборави е моментот кога за првпат во раце го држи своето дете. Во тој момент станува свесен за реалноста во која повеќе никогаш нема да живее само за себе, туку дека во своите раце држи живот, живот кој зависи од неговата љубов, прифаќање и најмногу од сè поддршка. Не постои поголем подарок кој родителот може да го даде на своето дете од безбедна иднина, а притоа образованието е клучот кон таа иднина. “МОЕ ОБРАЗОВАНИЕ“ е наменски креиран производ со цел тој клуч да го имате во рака и да ја отклучите вратата кон посветлата иднина на своите деца.

Вие го знаете значењето на планирањето и штедењето за иднината на своите деца, но секојдневните тошоци и потреби Ве оневозможуваат да постапувате на тој начин. Со “МОЕ ОБРАЗОВАНИЕ“ повеќе нема потреба да ја жртвувате иднината за добробит на сегашноста. Овој производ Ви овозможува да започнете со штедење за образованието на Вашите деца уште денес, без да го нарушите сопствениот буџет во тој процес. Исто како што Вашето дете учи да оди со првите мали чекори, Вие исто така треба да направите мали чекори денес за да ја осигурате иднината на Вашето дете.

Кои се основни карактеристики?

1. Осигуреник може да биде лице
    - од 18 до 65 години
    *осигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст
2. Корисник може да биде лице
    - од 1 месец до 8 години
3. Траење на уплатата
    - од 10 до 18 години во зависност од пристапната старост на корисникот
    *уплатата треба да заврши најдоцна до 18 годишна возраст на корисникот

Кои осигурени суми се опфаќаат?

Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за запишување на факултет на корисникот
- Осигурена сума во случај корисникот да не се запише на факултет
- Осигурена сума во случај на смрт од болест на осигуреникот
- Осигурена сума во случај на смрт поради незгода на осигуреникот

Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурана сума за тешко болни состојби (ТБС)

Исплата на осигурена сума

1. При запишување на факултет на корисникот осигурената сума може да се исплати како:
    - уплата кон образовна институција или
    - преку стипендиска рента
2. Доколку корисникот не се запише на факултет осигурената сума се исплаќа на корисникот на возраст одредена од Договорувачот

Бенефиции

1. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
2. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
3. Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД

Начин на плаќање

1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
    - месечно, полугодишно, квартално, годишно
2. Можност за избор на начинот на уплата
    - уплатница, траен налог, задршка од плата, во дирекцијата на Кроациа осигурување - живот