Кои ризици (опасности) се опфатени?
Ова осигурување ги покрива сите штети кои настанале поради физички загуби или оштетување на пратката за време на осигурениот превоз.
Кои ризици (опасности) не се опфатени?
Од осигурување се исклучени загуби, оштетувања или трошоци настанати поради:
- лоша намера или груба небрежност на осигуреникот;
- недоволно, несоодветно или неисправно пакување, односно амбалажа;
- мраз, топлина или воопшто делување на времето, температурата или промени на атмосферскиот притисок и
- одложување на превозот, внатрешни маани или својства на осигурениот предмет.
Осигурувањето започнува од моментот на предавање на пратката на воздухопловното претпријатие со прописна потврда и трае се до моментот на испораката на примачот од страна на воздухопловното претпријатие.