Што е предмет на осигурување?

1. Градежни објекти во градба, подразбирајки под тоа новоградби и реконструкции (поправки, доградби, надградби и сл.),
2. Градежен, занаетчиски, инсталационен материјал и сета опрема која е наменета исклучиво за вградување во осигурениот објект во градба,
3. Градежна опрема и помошни објекти кои се опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба и служат за изградба на градежниот објект (помошни згради, бараки, дрвени или ѕидани складишта, работилници, ресторани, подвижни скелиња и сл.), освен стварите кои претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите, односно осигуреникот.

Ако посебно се договори и ако се пресмета посебна премија, со осигурување можат да се опфатат:
- веќе постоечките објекти на кои се врши реконструкција (поправка, доградба, надградба, адаптација и сл.),
- делови на објектот во градба, односно поедини градежни и занаетчиски работи кои ги презел изведувачот на работите,
- помошен градежен материјал и алат во употреба,
- градежна опрема и помошните објекти кои служат за изградба на градежниот објект и кои воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба,
- стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода и стварите на нив за време на градењето на вода или на крајбрежјето,
- стварите на работниците,
- деловно-техничка документација, вклучувајки ја и градежната книга (осигурување на “таксирана вредност“).

Кои ризици (опасности) се опфатени?

- пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање на вода, мраз, лед и снег, снежна лавина, слегнување на тло,
- градежна незгода,
- неспретност, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице.

Ако посебно се договори и пресмета дополнителна премија, осигурувачот е должен да исплати надомест на штета поради една или повеќе дополнителни опасности, според тоа како ќе се договори, и тоа:
- поплава и порој, висока вода и подземна вода,
- лизгање на тло,
- одронување на земјиште,
- зарушување на земјиште,
- одговорност од дејност на изведувачот на градежните работи према трети лица и нивен имот,
- осигурување на градежните работи во гарантниот рок,
- провална кражба.