Што е предмет на осигурување?
1. Кај осигурувањето на градежни објекти и други неподвижни ствари, се сметаат за осигурени сите делови на градежниот објект, темелните и подрумските ѕидови, сите вградени инсталации, сета вградена опрема (лифт, централно греење со цистерна за гориво, бојлери, уреди за климатизација, хидрофори и др.). Кај осигурувањата на згради во градба, осигурен е и градежниот материјал на градилиштето.
2. Kај осигурување на подвижни нешта, ако во полисата нештата не се поединечно наведени, туку како група, се смета дека се осигурени сите нешта што се наоѓаат на местото на осигурување, а и припаѓаат на осигурената група, како оние што постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, така и оние кои дополнително се внесуваат во таа група.
Кои ризици (опасности) се опфатени?
- пожар и удар од гром;
- експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија, доколку поинаку не е договорено;
- излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација;
- луња;
- град;
- удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурениот градежен објект;
- паѓање на воздушни летала;
- манифестација и демонстрација.
Ако посебно се договори, може да се опфатат дополнителни опасности (ризици) и тоа:
- поплава, порој и високи води;
- лизгање и одронување на земјиште;
- слегнување на тлото;
- снежна лавина;
- истечување на течности (лекажа);
- самозапалување на залихи;
- излевање на вжарена течна растопена маса;
- удар на непознато моторно возило во осигурениот градежен објект;
- одговорност од трети лица од опасност од излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација.