Што е предмет на осигурување?
1. Машини;
2. Машински уреди;
3. Електрични уреди и нивното полнење, доколку вредноста на полнењето е содржана во вредноста на осигурените предмети;
4. Апарати;
5. Инсталации, заедно со основата, лежиштето и темелот, доколку нивната вредност се содржи во вредноста на монтажата.
Ако дополнително се договори, предмет на осигурување може да бидат и:
1. далноводи;
2. кабловски водови со висок напон;
3. цевководи, гасоводи, нафтоводи и топловоди;
4. водоводна канализациона мрежа;
5. инсталации и централно греење;
6. основи, лежишта и темели
7. багери во рудниците (површински коп);
8. метални силоси и слични метални конструкции;
9. антенски столбови;
10. дупчалки и тешки шипки, работни шипки, армирани свитливи цевки за плакнење под висок притисок, премини и стабилизатори на дупки;
11. ленти, синџири и јажиња на транспортни уреди;
12. валците на валалничните станови;
13. маслото на осигурените турбини и полнење на електрични уреди (масла за трансформаторите и сл.);
14. крупен алат и
15. електронски сметачи.
Кои ризици (опасности) се опфатени?
Со осигурувањето се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените нешта од незгода во погонот под која се подразбираат настани што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигуреното нешто како и неспретност, невнимание или зла намера на работници или било кое друго лице.