КАЖИ ДА претставува одлична можност за сигурна заштеда со која на Вашите најмили ќе им подарите венчавка од соништата. Тоа се моменти на среќа и радост кога најмалку треба да штедиме, затоа навреме склучете осигурување „Кажи ДА“.

„Кажи ДА“ Ви овозможува сигурна исплата на осигурената сума зголемена за припишана добивка.

Кои се основни карактеристики?

1. Осигуреник може да бидат лице
    - од 18 до 65 години
    *осигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст
2. Корисник може да биде лице
    - од 1 месец до 10 години
3. Траење на уплатата
    - од 10 до 20 години во зависност од пристапната старост на корисникот
    *уплатата треба да заврши најдоцна до 20 годишна возраст на корисникот

Кои осигурени суми се опфаќаат?

Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за склучување на брак
- Осигурена сума во случај да не склучи брак
- Oсигурена сума во случај на смрт од болест на осигуреникот
- Oсигурена сума во случај на смрт од поради незгода на осигуреникот

Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурана сума за тешко болни состојби (ТБС)

Исплата на осигурена сума

1. При склучување на брак од 20та до 35та година
2. Доколку корисникот не склучи брак до 35 години, исплатата на осигурената сума се врши наредната година

Бенефиции

1. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
2. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
3. Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД

Начин на плаќање

1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
    - месечно, полугодишно, квартално, годишно
2. Можност за избор на начинот на уплата
    - уплатница, траен налог, задршка од плата, во дирекцијата на Кроациа осигурување - живот