РИЗИКО ПЛУС претставува осигурување преку кое со минимален влог обезбедувате максимална финансиска заштита. Особено е препорачлива за лица кои на било кој начин се кредитно задолжени, бидејќи овозможува заштита на капиталот од последица на несреќен случај, обезбедува сигурност на отплатата и го заштитува семејството.
Кои се основни карактеристики?
1. Се опфаќаат лица со пристапна старост
- од 18 до 65 години
2. Траење на осигурувањето
- од 1 до 30 години
3. Минимална осигурена сума
- 3.000 евра
Кои осигурени суми се опфаќаат?
- Осигурена сума во случај на смрт
Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурана сума за тешко болни состојби (ТБС)
Начин на плаќање
1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
- месечно, полугодишно, квартално, годишно, еднократно
2. Можност за избор на начинот на уплата:
- уплатница, траен налог, задршка од плата, во дирекцијата на Кроациа осигурување - живот