Што е предмет на осигурување?

- метални конструкции со машинска и електро опрема или без неа;
- машините, машинската и електро опремата, инсталации и апарати како и постољата и темелите, ако е нивната вредност содржана во вредноста на објектот во монтажа;
- монтажната опрема и помошните објекти, кои се опфатени во пресметковната вредност на објектите во монтажа и служат за монтажа (скелиња, помошни згради, брани, дрвени или ѕидани складишта, работилници, мензи) освен стварите кои претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите односно осигуреникот;
- градежниот дел кој се гради исклучиво за потребите на објектите во монтажа, а неговата вредност е во целост опфатена во пресметковната сума на објектот во монтажа.

Ако посебно се договори и ако се пресмета посебна премија, со осигурувањето може да се опфатат и:
- веќе постоечките објекти на кои се обавуваат монтажи, поправки, ремонти, санации и сл.;
- помошен материјал и алат во употреба за изведување на монтажа;
- монтажна опрема и помошните објекти кои служат за монтажа и кои воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во монтажа;
- стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода, ствари на нив за време на монтажата на вода или останато;
- ствари на работниците;
- деловно-техничка документација, вклучувајќи ја и книгата за монтажа (осигурување на “таксирана вредност“);
- постоља и темели до колку не се содржани во вредноста на објектот во монтажа.