Годишните одмори се резултат на повеќемесечна заштеда, но доволен е само еден момент тие да бидат уништени. Во одредени ситуации Вие сте апсолутно немоќни превентивно да дејствувате со цел годишниот одмор да го заштитите од негативни влијанија, но сепак може нешто да направите. Може да ја заштитите инвестицијата за годишно патување со туристичко осигурување, познато меѓу народот како патничко (здравствено) осигурување.
Видови патничко осигурување
- Индивидуално - осигуреник може да биде секое лице на возраст до 72 години кое патува во странство.
- Семејно - како семејство се сметаат родители и деца до осумнаесет години со иста адреса на живеење, кои патуваат заедно.
- Групно - група се најмалку 7 (седум) лица кои патуваат заедно.
- Бизнис - осигуреници можат да бидат вработени лица кај договорувачот, членови на управен одбор или лица кои имаат договор за дело со правното лице.
Територијално покритие
Осигурувањето важи во сите земји во светот со исклучок на Р. Македонија. За лицата кои не живеат во Р. Македонија осигурувањето не важи за земјата на нивното постојано живеење.
Постои можност за избор на три територијални покритија:
- СОСЕДИ - во кое се опфатени Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Албанија, Грција, Бугарија и Романија.
- ЕВРОПА - во кое се опфатени сите држави во Европа, вклучувајќи ги и Русија, Азербејџан, Грузија, Ерменија, Турција, Кипар, Малта, Исланд, Гренланд, Тунис, Израел, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
- СИТЕ ДРЖАВИ - сите држави во светот.
Разлика меѓу осигурување со франшиза и без франшиза
Овој вид осигурување може да се склучи и со 150 евра франшиза. Под франшиза се подразбира одредено учество на осигуреникот во претрпената штета.
Кај осигурувањето кое е склучено без франшиза осигуреникот има право на надоместување на целата штета што ја претрпел при патување во странство.
Кај осигурувањето кое се склучува со франшиза осигуреникот има право на надомест на штетата само за разликата над договорениот износ на име франшиза. За лица со навршени 70 години и постари осигурувањето задолжително се склучува со франшиза.
Кои ризици (опасности) се опфатени?
Евроинс Осигурување во соработка со светската асистенстска мрежа на CORIS INTERNATIONAL на своите осигуреници со туристичко осигурување им укажува здравствена помош и друга помош при патување во зависност од типот на осигурителната полиса.
Доколку се плати дополнителна премија, може да бидат вклучени и:
- Осигурување од спортска незгода - опфаќа случај на спортска незгода настанат во текот на вршење на спортски активности, освен рекреативно практикување на екстремни спортови, без оглед дали е самостојно или организирано (тука се вклучени сите спортови со моторни возила, брзински трки од било кој вид, качување по карпи и планини, алпинизам, одење во пештери, нуркање, летање со едрилици, параглајдери и змејови, падобранство, веслање на мирни и диви води, банџи скокање, акробатско скијање, ски - алпинизам, ски - борд и слични спортови).
- Осигурување за вршење на физичка работа.
Кои осигурителни покритија се опфатени?
Постојат три вида на осигурително покритие "Виза/Виза Соседи", "Нормал" и "Комфорт" кои се разликуваат според бројот и видот на осигурените ризици и висината на осигурените суми.
Осигурителни покритија: | VISA/VISA SOSEDI | NORMAL | COMFORT |
---|---|---|---|
Трошоци за лекување од незгода (EUR) | 15.000 | 30.000 | 50.000 |
Трошоци за лекување од болест (EUR) | 10.000 | 15.000 | 30.000 |
Продолжување на престојот по болничко лекување (EUR) | - | 50 | 100 |
Посета на пациент (пат и сместување до 5 ноќи) (EUR) | - | 50 | 100 |
Надомест на телефонски трошоци од болница (EUR) | - | 30 | 60 |
Враќање на деца дома (EUR) | 2.000 | 5.000 | 10.000 |
Враќање на посмртни останки (EUR) | 10.000 | 15.000 | 20.000 |
Порано враќање дома поради болест (EUR) | - | 10.000 | 10.000 |
Доцнење на багаж од 12-24 часа (MKD) | - | 3.500 | 5.600 |
Доцнење на багаж над 24 часа (MKD) | - | 6.000 | 11.000 |
Багаж кражба/уништување (MKD) | - | 30.000 | 40.000 |
Багаж кражба од моторно возило (MKD) | - | 15.000 | 20.000 |
Замена на документи (MKD) | - | 1.500 | 3.000 |
Враќање на моторно возило (MKD) | - | - | 3.000 |
Правна помош и осигурување (MKD) | - | - | 6.000 |
Смрт од незгода (MKD) | - | 250.000 | 500.000 |
Целосен траен инвалидитет од незгода (MKD) | - | 375.000 | 750.000 |
ИНФОРМАТОР
Доколку настане некој ризик кај кој е потребна здравствена помош или друга помош зависно од осигурителното покритие, Ве молиме Вие или Вашиот овластен во рок од 24 часа да го известите Евроинс осигурување преку следниот контакт:
Assistance CORIS d.o.o. Ljubljana, Slovenia
Tel: +386/1-519 20 20 | Fax: +386/1-519 16 98 | E-mail: coris@coris.si
24 HOURS ASSISTANCE SERVICES WORLDWIDE
ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
Тел: +389 2 32 90 466 | Факс: +389 2 31 17 194
Од понеделник до петок до 16:00 часот
Доколку постојат такви причини независни од Вас што го спречуваат неодложното јавување (поради природата на разболувањето или повредата), Ве молиме Вие или Вашиот овластен по престанувањето на причината веднаш да го известите Евроинс осигурување но најдоцна до 24 часа од настанување на случајот. Доколку без одобрување од страна на Евроинс осигурување искористите здравствена услуга трошоците ќе Ви ги надомести најмногу во износ од 150 Евра во денарска противвредност.