Кај транспортното осигурување предмет на осигурување се пратките кои се превезуваат со сите видови на превозни средства во домашен и меѓународен транспорт.
Пратките за време на превоз се изложени на големи ризици. Иако превозот кратко трае, може да настане делумно или целосно оштетување на пратката. Само од една штета може да биде уништен целиот капитал. Сопствениците на пратките својот имот и интереси можат да ги заштитат само со осигурување.