Човечките ресурси се најважниот ресурс во Вашата компанија. Наградите се неопходен дел за нивна мотивација. Согласно обврските и одговорностите кои ги имаат менаџерите треба да бидат моделирани наградите за нив. Наградите се комбинираат во материјална и нематеријална форма. Во современиот свет луѓето сѐ повеќе ја вреднуваат сигурноста и сѐ повеќе имаат потреба од неа. Адекватно на тоа, потребата за сигурност постои и кај Вашите менаџери. Ако е тоа веќе така, тогаш најдоброто нешто што Вие можете да го направите за Вашите менаџери е да им подарите поголема сигурност во нивниот живот. Тоа можете да го направите едноставно со купување на “Менаџерско осигурување“.
Кои се основни карактеристики?
1. Договорувач е компанијата, а осигуреник менаџерот
2. Договорувачот одлучува кој ќе биде корисник на повратните средства
3. Минимална годишна премија:
- 180 евра
4. Се опфаќаат условно здрави лица од навршени:
- од 14 до 65 години
*осигурувањето на живот треба да заврши на 75 годишна возраст.
5. Траење на осигурувањето:
- од 1 до 25 години
6. 0% задршка (кај минимално траење на осигурителен период од 10 години);
Кои осигурени суми се опфаќаат?
Со полисата се опфатени следните осигурени суми:
- Осигурена сума за доживување
- Осигурена сума во случај на смрт од болест
- Осигурена сума во случај на смрт поради незгода
Доколку дополнително се договори опфатени се и следните осигурени суми:
- Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај
- Осигурена сума во случај на 100% траен инвалидитет
- Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај
- Осигурана сума за тешко болни состојби (ТБС)
Бенефиции
1. Средствата кои ги вложувате се повратни по истекот на осигурувањето
2. На средствата кои континуирано ги вложувате им се припишува добивка
3. Можност за одобрување на заем од страна на Кроациа Осигурување – Живот АД
Начин на плаќање
1. Можност за избор на динамиката на плаќање:
- месечно, полугодишно, квартално, годишно