Што е предмет на осигурување?
За разлика од другите видови на осигурување на имоти, кај кои предмет на осигурување секогаш се одредени ствари, кај општата одговорност или одговорност од дејност предмет на осигурувањето е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со:
- смрт;
- повреда на телото или здравјето и
- оштетување или уништување на ствари на трети лица, односно граѓанската одговорност (регулирана со Законот за облигациони односи) според начелото дека секој што ќе му причини штета на друг должен е да ја надомести.
Со ова осигурување на осигуреникот му се дава заштита ако по основ на неговата одговорност, спрема него биде поставено барање за надомест на штета која настанала спрема трети лица:
- од дејноста на осигуреникот;
- од поседување ствари;
- од правен однос или
- од одредено својство како извор на опасност што се одбележани со полисата за осигурување.