Што е предмет на осигурување?
Предмет на осигурување се сите електронски сметачи, печатари, процесни сметачи и слични електронски уреди што се сопственост на осигуреникот.
Кои се осигурителни покритија?
Постои можност за избор на осигурително покритие:
1. Осигурување кое опфаќа осигурително покритие по условите за осигурување од пожар и некои други опасности, условите за осигурување на машини од кршење и некои други опасности и условите за осигурување од провална кражба и разбојништво.
2. Осигурување кое опфаќа осигурително покритие по условите за осигурување од пожар и некои други опасности и условите за осигурување од провална кражба и разбојништво.