Што е несреќен случај?
За несреќен случај се смета секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан кој дејствувајќи главно од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица негова смрт, целосен или делумен инвалидитет, преодна неспособност за работа или нарушување на здравјето кое бара лекарска помош.
Кои видови осигурување од незгода постојат?
1. КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ
Се опфаќаат лица вработени кај договорувачот како правно лице. Минималната
премија изнесува 100 денари на месечно ниво за над 10 вработени.
2. МЕНАЏЕРСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Се опфаќаат лица од 20 до 70 годишна возраст. Кога корисникот ќе стекне право на
учество во позитивен резултат (бонус), ако не е извршена исплата на осигурената
сума за случај на смрт и за случај на 100% трајна загуба на општата работна
способност (инвалидитет), осигурувачот исплатува 77,67% од вкупно уплатената
премија за случај на смрт од незгода и болест.
3. ОСИГУРУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ
Се опфаќаат ученици во основни, средни и стручни училишта, студенти на виши,
високи школи и факултети. Минималната премијата изнесува 100 денари на
годишно ниво.
4. ОСИГУРУВАЊЕ НА ГОСТИ ВО: ХОТЕЛИ, МОТЕЛИ, КАМПОВИ, БУНГАЛОВИ,
КАПАЛИШТА, ЛЕКУВАЛИШТА
Се опфаќаат лица без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна
способност и годините на старост, освен лицата потполно лишени од деловна
способност.
Кои ризици (опасности) се опфатени?
- газење, судрување, удар со некаков предмет или на некаков предмет, удар од електрична струја или гром, паѓање, лизнување, уривање, ранување со оружје, со разни други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување од животно и убод од инсекти, освен ако со таков убод е предизвикана некаква инфективна болест;
- труење со хемиски средства, освен професионални заболувања;
- труење со храна кое за последица има смрт на осигуреникот;
- инфекција на повреда предизвикана со несреќен случај;
- труење поради вдишување гасови или отровна пареа со исклучок на професионални заболувања;
- изгореници од оган или електрицитет, од жежок предмет, течност или пареа, киселина, лужини и сл;
- давење и потопување;
- гушење или загушување поради затрупување (со земја, песок и сл.);
- прснување на мускулите исколчување, прснување на зглобните врски, кршење здрави коски што ќе настане поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања предизвикани со непредвиден надворешен настан, доколку тоа непосредно веднаш по повредата е утврдено во болница или друга здравствена установа;
- дејствување на светлина, сончеви зраци, температури или лошо време, ако осигуреникот бил изложен непосредно поради еден пред тоа настанат несреќен случај, или се нашол во такви непредвидени околности што никако не можел да ги спречи, или бил изложен поради спасување човечки животи;
- дејствување на рендгенски или радиумски зраци ако настанат нагло и ненадејно, со исклучок на професионални заболувања (освен кај осигурувањето на ученици и студенти).
Кои осигурителни покритија се опфатени?
1. Осигурена сума во случај на смрт од последици од несреќен случај (незгода)
2. Осигурена сума во случај на смрт од болест
3. Осигурена сума во случај на трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет)
4. Дневен надомест
5. Трошоци за лекување
Кои ризици (опасности) не се опфатени?
- сите заразни, професионални и други болести како и последици од психички влијанија;
- стомачни кила, кила на папокот, вродени и останати кила, освен оние што ќе настанат поради директно оштетување на стомачниот ѕид под непосредно дејство на надворешна механичка сила на стомачниот ѕид, доколку веднаш по повредата е утврдена трауматична кила кај која, болнички, покрај килата е утврдена повреда на меките делови на стомачниот ѕид во тоа подрачје;
- инфекции и заболувања што ќе настанат поради разни форми алергија, сечење или кинење жулеви или други израстоци на цврста кожа;
- анафилактичен шок, освен ако настапи при лекување поради несреќен случај;
- хернија дисци интервертебралис, сите видови лумбалгии, дископатии, сакралгини, миофасцитис, кокцигодини, ишијалгии, фиброзитис и сите видови промени на слабинско-крстниот регион означени со аналогни термини;
- одлепување на мрежичката (ablacioretinae) на претходно болно или дегенеративно променето око, а со исклучок се признава одлепување на мрежичката на претходно здраво око доколку постојат знаци на директна надворешна повреда на очната јаболчица, утврдена во здравствена установа;
- последици што настанале кај осигуреникот поради алкохолно лудило (делириум тременс) и дејство на дрога;
- последици од медицински, особено од оперативни зафати што се преземаат за лекување или превентива заради спречување болести, освен ако до тие последици дошло поради докажана грешка на медицинскиот персонал (витиум артис);
- патолошки промени на коските и патолошки епифизиолизи;
- системни невромускуларни болести и ендокрини болести.