Што е предмет на осигурување?

Предмет на осигурување е стока во превоз по море од загуба и оштетување. Стоката може да се осигурува и во меѓународен превоз.

Кои ризици (опасности) се опфатени?

Основни ризици

1. ризик на морето (судир, удар, насукување, допирање на дното, потонување, бродолом, исчезнување (снемување) на бродот, луња и невреме на море, отпловување на стоката на палуба, допир со морската вода;
2. пожар;
3. разбојништво и разбојничка кражба;
4. фрлање во море;
5. баритерија на заповедникот на морнарите;
6. експлозија, судар на возила, допир на возилото со некој надворешен предмет, загуба на цели колети за време на утовар, претовар или истовар и оштетување при товарење во боравишното пристаниште.

Осигурување "ПРОТИВ СИТЕ РИЗИЦИ"

Доколку се одбере осигурување "Против сите ризици", во тој случај опфатени се основните ризици како и:
1. кражба на цели колети или делумна кражба од поодделни колети,
2. неиспорака на стоката,
3. слатка вода,
4. допир (контакт) со друга стока,
5. небрежност на капетанот и екипажот на бродот,
6. невнимателно манипулирање при утоварот, истоварот и претоварот,
7. други вонредни опасности на кои стоката е подложена за време на превозот.

Дополнителни ризици

1. одбивање,
2. оштетување на стоката од кои било причини,
3. загревање или потење од кои било причини,
4. стврднување од кои било причини,
5. растурање - кусок од кои било причини,
6. течење - кусок од кои било причини,
7. угинување на егзотични животни од кои било причини,
8. угинување на животни и кршење на нозе од кои било причини,
9. самозалалување од кои било причини,
10. одмрзнување на пратки што се превезуваат во ладилници (фрижидери) од кои било причини,
11. расипување месо, овошје или зеленчук од кои било причини,
12. расипување на солени и сушени црева од кои било причини,
13. надувување (бомбаш),
14. сушење, овенување од кои било причини,
15. смрзнување од кои било причини,
16. експлозија од кои било причини,
17. осветлување филмови од кои било причини,
18. слични опасности.

Осигурување од потполна загуба

Под потполна загуба на стоката се смета загуба на стоката која ќе настане поради загубување на бродот.

Кои ризици (опасности) не се опфатени?

1. опасности врзани за време на превозот на стоката на палуба или во отворени коли (вагони) освен ако тоа посебно не е договорено;
2. опасности што настануваат поради недоволно пакување или недостатоци во пакувањето на стоката која заради тоа по својата природа е изложена на загуба или оштетување;
3. опасности врзани со утовар или истовар или опасности кои потекнуваат од неправилно утоварување на стоката која ја утоварува испраќачот или истоварува приемачот;
4. опасности кои настануваат поради потполно или делумно оштетување или загуба на стоката (рѓа, внатрешно расипување кое настанува само по себе, течење, сушење, растурање, загуба во тежина и сл.), на што стоката е изложена поради својата особина, освен ако тоа не е посебно договорено;
5. опасности кои ќе настанат поради тоа што предметите кои се изземени од превоз или предметите кои на превоз се примаат само под определени услови - се предадени на превоз со исправени, неточни или непотполни означувања, или што испраќачот не ги преземал пропишаните мерки на внимание;
6. опасности на кои се изложени живи животни при превозот, освен ако тоа посебио не е договорено;
7. опасности кои испраќачите на живи животни или на стоката биле должни да ги отстранат;
8. опасности кои ќе настанат на стоката поради недостаток во конструкцијата, лошото одржување и нередовното обележување на уредите на колите кои служат за превоз на стоката, а се наоѓаат на управување на осигуреникот или на лице за кое тој одговара;
9. лоша намера и крајна небрежност на осигуреникот;
10. војна и на војната слични настани или штрајк (воени и политички ризици) и атомски ризици;
11. осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести ни штета која може однапред да се предвиди и избегне.