Што е предмет на осигурување?
Предмет на осигурувањето се сите пратки што се превезуваат со сопствени или туѓи превозни средства на ризик на осигуреникот на територијата на Република Македонија.
Што не е предмет на осигурување?
1. увозни, извозни или реекспортни пратки;
2. предмети кои се превезуваат или пренесуваат во кругот на еден или повеќе погони,продавници и стоваришта;
3. стока или предмети кои не се фактурираат (повратна амбалажа, вратена стока, стока на консигнација и сл.);
4. уметнички и музејски предмети, нумизматички и филателистички збирки, пари и хартии од вредност, накит, благородни метали и минерали, реткости (раритети) кои како уникат имаат голема вредност;
5. патнички багаж, мостри, колекции и сл.;
6. самозапалливи и самоексплозивни стоки и материјали;
7. стока за саеми и изложби;
8. предмети во сопственост на трети лица;
9. предмети кои во јавииот превоз го минуваат одредениот габарит и тежина над 20 тони, освен ако тоа не е во директна врска со штетниот настан:
10. превоз на оштетена стока;
11. основни средства кои се вон употреба;
Кои ризици (опасности) се опфатени?
Основни ризици
Со ова осигурување опфатени се сите ризици од загуби и оштетувања на осигурениот предмет (пратката).
Ако се договори посебно, може да се опфатат и специјални и дополнители ризици.
Специјални ризици
1. расипување, замрзнување, одмрзнување и стврднување;
2. самозапалување и самоексплозија;
3. оштетување на етикети;
4. надувување на конзерви;
5. угинување, кршење нозе со принудно колење на животни, дивеч, живина, риби и пчели;
6. кршење, кало растур како природно својство на стоката;
7. рѓа и оксидација:
8. природно варење;
9. внатрешно кршење кај електронски производи;
10. загревање и потење;
11. жижавост, молци и саможегнување;
12. рег ахе (превоз на сопствени тркала);
13. одбивање на прием на оштетена стока;
14. карантин на живи животни;
15. угинување на егзотични животни;
16. кусок, течење и растурање од непознати причини.
Дополнителни ризици
1. предмети тешки над 20 тона;
2. зголемена опасност на пратки со поголем габарит од пропишаниот;
3. течење масло кај трансформатори;
4. вскладиштување пратки;
5. течење, кало, растур, крш и сл. до и над вообичаениот природен процент;
6. пренесување на скапа опрема и предмети во посебни услови (предајници, искачување на висина, дигалки и сл.).
Кои ризици (опасности) не се опфатени?
1. лоша намера, или груба небрежност направена од осигуреникот;
2. непостапување по упатствата на осигурувачот и ислраќачот;
3. воени и полтички настани, како и штети и трошоци направени од штрајкувачи и терористи;
4. вообичаена загуба поради природни својства или маани на стоките како што се: (испарување, рѓа, кало, нормално кршење на лесно кршливи стоки) освен ако посебно не се договори;
5. превоз на пратки во несоодветни превозни средства или амбалажа;
6. несоодветно или неправилно пакување, товарење или недоволно заштитени стоки товарени на превозното средство;
7. пропусти на осигуреникот - испраќачот или приемачот, односно неговите работници или лица за кои што тие се одговорни;
8. пропуштање да се дадат изрични упатства на превозникот или возачот во врска со брзината на превозот која ја бара природното својство на стоката;
9. непреземање посебни мерки во врска со превоз на предмети кои во јавниот превоз го пречекоруваат пропишаниот габарит, освен ако пречекорувањето на тежината или димензијата не се во непосредна врска со настанување на штетниот настан, покриен со осигурување;
10. неправилна или неточна декларација на стоката;
11. штети од незапазен договор, односно законски рок за испорака или прием на пратките;
12. штети од нуклеарна енергија;
13. штети предизвикани од одговорност на превозници кои му ги простил осигуреникот или од него овластени лица.