Што е Евро каско?

Евро каско претставува едногодишна каско полиса за патнички возила кои се во сопственост на физички лица со полиса за автомобилска одговорност од Евроинс осигурување.

Цената на евро каското изнесува 300,00 денари (5 евра), а покрива штета во вредност до 12.300,00 денари (200 евра). Важи на територијата на Р. Македонија.

Кои ризици (опасности) се опфатени?

1. Собраќајна незгода која се случила на возило во процес на движење, односно експлоатација на истото и во која учествуваат најмалку две возила и на истите е причинета материјална штета и за која е изготвен Европски извештај од страна на учесниците во незгодата во согласност со одредбите од ЗБСП или е сочинет записник за извид на лице место од надлежната служба на МВР.
2. Максималниот износ на осигурително покритие за цел период на осигурување изнесува 12.300,00 денари (200 Евра).
3. Осигурително покритие важи под услови, возилото да се наоѓа во владение и да се управува од ОСИГУРЕНИКОТ, лица блиски на осигуреникот или лица кои се ополномоштени или се законски претставници на ОСИГУРЕНИКОТ.

Кои ризици (опасности) не се опфатени?

1. Нерегистрирани возила
2. Кршење на стаклата на возилото од било која причина
3. Управувањето на возило исклучено од сообраќај согласно законската регулатива
4. Учество на возилото во секаков вид на натпревари, тренинзи, испитувања и др.
5. Ненаменско користење на возилото во согласност со одредбите од ЗБСП и Законот за Возила
6. Исценирање на осигурен настан