Потребни се само неколку секунди за да се случи сообраќајна несреќа меѓу две возила. Вината може да биде Ваша или да биде на другата страна. Доколку вината е на Ваша страна Вие сте одговорни да ги платите надоместоците за настанатата штета. Што да се направи кога во тие моменти на невнимание трошоците за поправка се исклучително високи? Што ако се случи кражба и возилото неповратно исчезне? Тогаш е обично доцна да се размислува што можеше да се направи за загубата да биде што помала.

Вакви ситуации не се случуваат само на луѓето околу нас. Добро е кога сме свесни за тоа.

Во вакви моменти може да се заштитите со полиса за осигурување која нуди комплетно покривање на сите настанати трошоци.

Наједноставно кажано авто осигурување е финансиска заштита од одредени незгоди поврзани со автомобилот. Овој тип на осигурување покрива штети како што е уништување, исчезнување или оштетување на возилото како и покривање на одговорноста на возачот (осигуреникот) од поседување или управување со возило.

Крајната цел на секоја склучена осигурителна полиса е да се заштити човек себеси и фамилијата при настан кој би резултирал со несакани последици.